MKD ENG







Формулари:

Формулар за пишување и поднесување на апстракт
(prijava-apstrakt-mk.doc)

Пријава за резервација
на хотелско смесување
(prijava-hotel-mk.doc)




Архива:



Фото галерија:







Здружение на дерматовенеролози на Македонија ©2009-2017



Општи информации за учесниците на конгресот:

Конгресот ќе се одржи во Охрид, 27-30 септември 2017 година. Конгресните активности и сместувањето ќе бидат во комплесот хотели Метропол / Белви / Турист - Охрид. Во овој период од годината днeвните температури во Охрид се движат помеѓу 20 и 25 степени Ц, а ноќните околу 10 степени Ц.

Свечено отварање на Конгресот, Коктел
27.09.2017 (среда), во 20.00 часот

Официјални јазици на Конгресот ќе бидат македонски и англиски.

Трудовите ќе се презентираат во две сали:
   - Сала 1 - усна презентација;
   - Сала 2 - постер презентација.

Усна презентација -
Времето за презентација е ограничено на 7 минути, а за уводните реферати до 20 минути. Учесниците на располагање ќе имаат опрема за power-point презентација.

Постер презентација -
Просторот за презентација на постерот е во рамките
на 90 х 100 cм.


Котизација:
Котизацијата на Конгресот до 15.08.2017 изнесува 80 Евра (за специјализанти 40 Евра), по 15.08.2017, 100 Евра (за специјализанти 50 Евра) и е задолжителна за сите учесници. Со уплатата се здобиваат со право на активно учество на научната програма и културно-забавните активности на конгресот, добивање на целокупниот печатен материјал и сертификат за учество акредитиран од ЛКМ кој ќе се бодира за лиценца за работа.

Котизацијата може да се уплати преку следната сметка:

Корисник: ВИС ПОЈ ДООЕЛ
за регистрација за VI Конгрес на дерматовенеролози;
Банка: Охридска Банка АД Охрид;
ж-ска бр: 530-0001002475-42
ЕДБ: 4020002131507

или во конгресната канцеларија при пристигнувањето на Конгресот.

Оваа интернет страна е спонзорирана и хостирана од UNET