MKD ENG







Формулари:

Формулар за пишување и поднесување на апстракт
(prijava-apstrakt-mk.doc)

Пријава за резервација
на хотелско смесување
(prijava-hotel-mk.doc)




Архива:



Фото галерија:







Здружение на дерматовенеролози на Македонија ©2009



Поднесување на апстракт:

При подготвувањето и поднесувањето на апстрактот придржувајте се кон следниве инструкции:

- Апстрактите мора да бидат напишани на македонски и/или англиски јазик.

- Апстрактите ќе се репродуцираат онака како што се поднесени.

- Запазате го следниот редослед при пишување на апстрактот:
  - напишете го целиот наслов со големи букви, болд,
  без кратенки,
- напишете ги имињата на авторите, потцртајте го името на
  носителот на трудот (не го пишувајте степенот на
  едукација, титулата и комплетната адреса),
- напишете го името на установата која ја претставувате,
  градот и државата,
- составете го апстрактот според стандардните пропозиции.

При пишувањето не користете проред и содржината на апстрактот вклопете ја во зададената форма за апстракт (максимум 22 реда, без празни редови). Употребувајте Times New Roman и Ariаl и соодветните македонски фонтови (MAC C Times и MAC C Swiss) со големина на букви 11, стил нормал.

Користете генерички имиња на лекови. Наведување на комерцијални имиња на лекови, козметски производи или медицинска опрема во апстрактот (а и при презентација на трудот на конгресот) не е дозволено. Во апстрактот да не се внесуваат слики, графикони и табели.

Ве молиме наведете во која форма ќе го презентирате поднесениот труд (постер или орална презентација). Зависно од бројот на поднесените апстракти, Научниот одбор ќе го земе предвид вашиот избор.

Ве молиме, при поднесувањето на апстрактот пополнете го и доставете го и формуларот со комплетни податоци за носителот на трудот, кои се неопходни за понатамошна комуникација.

Формуларот за пишување на апстрактот и внесување на личните податоци достапен е на почетната страница на оваа веб страна во графата Формулари. Формуларот внесете го во Вашиот компјутер, пополнете го, а потоа испртете го во атачмент на конгресната мејл адреса makderm@unet.com.mk.

Сите прифатени апстракти ќе бидат печатени во Зборникот на резимеа.

Краен рок за поднесување на апстрактот е
20 јуни 2017 година
.



Оваа интернет страна е спонзорирана и хостирана од UNET