Почитувани осигуреници,

Во Вашите раце се наоѓа упатството кое го добивате со купување на зелената карта. Го изготвивме, со цел накратко да Ве запознаеме со содржината на зелената карта и со правата и обврските кои ги имате со неа во случај на сообраќајна незгода.

Зелената карта е Вашата потврда за поседување на осигурително покритие, кога патувате во земјите - членки на Системот на Зелена Карта. Земјите за кои важи Вашата зелена карта се наведени на самата зелена карта, каде се подредени во графи под нивните меѓународни кратенки. Вашата зелена карта не важи за земјите чии кратенки се прецртани во самата зелена карта и во земјите кои не се наведени во зелената карта. Затоа, при влез со моторно возило во тие земји, должни сте да платите гранично осигурување. Зелената карта се издава врз основа на приложената полиса за осигурување од автоодговорност, од осигурителното друштво кај кое Ви е издадена полисата. Секое возило, регистрирано на територијата на Република Македонија, при патување надвор од територијата на Републиката, мора да поседува валидна зелена карта. Со неа се докажува осигурителното покритие за осигурување од автоодговорност за незгоди кои се случиле во странство. Валидна зелена карта е онаа зелена карта која ја има задолжителната форма и содржина и е издадена од Националното биро за осигурување, а која сте ја набавиле кај осигурителните друштва кои се овластени да издаваат зелени карти. Тоа се осигурителните друштва:

  • АД за осигурување и реосигурување „Македонија“ и
  • АД за осигурвање „Вардар“

Валидноста на зелената карта е одредена и со рокот за кој е издадена. Во случај да учествувате во сообраќајна незгода, било на територијата на Република Македонија или во странство, важно е да знаете како да постапите со цел да го остварите Вашето право на надомест на штета.

По случувањето на незгодата, веднаш сопрете го Вашето возило од понатамошно движење и помогнете им на повредените лица. Доколку настанала само помала материјална штета, поместете го возилото за да овозможите непречено одвивање на сообраќајот. Ако настанала поголема материјална штета, не го поместувајте возилото, но истовремено превземете ги сите потребни дејствија за да се отстрани опасноста од загрозување на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

За настанатата незгода веднаш известете ја најбликсата полициска станица. Останете на лице место, се додека не пристигне полицијата да изврши увид. Во меѓувреме, запишете ги: регистерскиот број, името и адресата на другите учесници во незгодата, како и податоците за осигурувањето од автоодговорност и бројот на полисата. Исто така, запишете ги имињата и адресите на очевидците на незгодата. За размена на податоците со другите учесници во незгодата послужете се со образецот „Европско известување за незгода“, кој ќе го добиете со врачување на полисата за автоодговорност. Овој образец е со унифицирана содржина во сите европски држави и содржи прикази на типични ситуации кои можат да бидат предизвикани од сообраќајна незгода. По пат на заокружување, обележете ја соодветната варијанта и составете приближна скица на незгодата.

Упаство за користење на зелената карта
Случаи на незгода со:

горе ^