Во
случај на незгода со возило со македонска регистерска ознака
Вашето
оштетно побарување треба да го поднесете до осигурителното друштво
кај кое предизвикувачот на незгодата бил осигуран од автоодговорност.
Вообичаено е оштетното побарување да се поднесува на обрасци кои
ги поседува секое осигурително друштво.