Случаи на незгоди со возила со странска регистрација

Во случај на незгода во Република Македонија или во странство, со моторно возило со странска регистрација, покрај дејствијата кои се веќе наведени во генералниот опис, Ваше право е задолжително да побарате копија од зелената карта од другиот учесник во незгодата или од надлежниот орган кој врши увид. Тоа ќе Во овозможи побрзо и полесно реализирање на надоместот на штетата. Вашата обврска е по барање на другиот учесник или органот кој врши увид, да ја приложите копијата од Вашата зелена карта. Согласно Законот за осигурување (Сл.весник на РМ бр. 49/97), оштетениот го поднесува оштетеното барање до Националното биро за осигурување. Меѓутоа, Националното биро за осигурување ги има овластено своите членки да ги обработуваат овие оштетни побарувања. Затоа, оштетното барање може да го поднесете и во некое од осигурителните друштва кои се овластени за издавање на зелени карти. Во случај странското возило да има полиса од гранично осигурување која ја издало некое македонско осигурително друштво, Вашето оштетно побарување поднесете го до тоа осигурително друштво.

Кога во странство Ви е нанесена штета во сообраќајна незгода, оштетното барање поднесете го до осигурителното друштво кај кое предизвикувачот на незгодата склучил осигурување од автоодговорност или пак до осигурително друштво кое е кореспондент со некое од македонските осигурителни друштва.

Упаство за користење на зелената карта
Случаи на незгода со:

горе ^