Вреди да се помине низ Европа само за да се види Охридското езеро. Сместено помеѓу прекрасните Македонски
планини, со
должина од 30 km
и широчина од 16
km. Подводните извори ја одржуваат температурата на водата помеѓу 14 и 24
° C во тек на годината; одлично за пливање и пловење
во тек на летните месеци.
Градот Охрид е сместен крај езерскиот брег, испресечен со голем број тесни улички, крај кои се наоѓаат едни од најубавите дела на Македонската архитектура. Има
40 цркви само
во градот, повеќето од нив со прекрасни фрески и
икони. Голем број луѓе кои го познаваат Охрид, го сметаат за едно од најубавите места во Европа. Посетете го и уверете се сами.
Градот се наоѓа на 650 метри надморска височина,
со идеални климатски услови за одмор во тек на целата година. Хотелите Метропол и Белви се сместени во најубавиот дел на Охридското езеро кое се наоѓа од едната страна а планината
Галичица од
другата страна
на хотелите. Ако Охридското езеро со својата убавина е дијамант
меѓу езерата
во светот, тогаш хотелите Метропол и Белви се дијаманти на неговиот брег со одличните услуги што ги нудат.
|