|
Научниот комитет ги поканува заинтересираните колешки и
колеги, на негова адреса, да испратат апстракти на своите
трудови.
Краен рок за пристигнување
на апстрактите кај Научниот одбор:
1. VII. 2003 година.
АПСТРАКТИ
Зборникот со апстракти ќе биде дел од пакетот што се добива
со регистрацијата.
Добредојдени се сите
апстракти што се во врска со било која од темите на Конгресот. Сите
трудови е планирано да бидат подготвени, примарно, за постер
презентација, со тоа што одреден број од нив ќе бидат избрани од
комисија за кратка орална презентација во времетраење од 2 до 3
минути. За таа цел потребно е секој од
поднесителите на трудовите да имаат подготвено максимум по 4
слајда. Организациониот комитет препорачува
димензии на постерите од 90 cm x 100 cm.
Сите конгресни сесии ќе бидат обезбедени со технички помагала
за дија-проекција, со графоскопи и
епидијаскопи. како и со можност за користење на компјутерска
технологија (Power Point).
Доставување на
апстрактите:
Сите учесници на конгресот кои сакаат да
ги презентираат своите трудови ги покануваме да ги достават своите
апстракти на разгледување од страна на Научниот
комитет. Апстрактите мора да се
напишани на македонски или англиски јазик и може да се достават до
Секретаријатот на конгресот по пат на:
- Пошта:
floppy disk (Word for Windows) со пополнет
формулар за апстракти
- e-mail: текст (Word for
Windows) испратен како атачиран фајл со насловна страна каде се
наведени податоците на авторот на
agom@mail.net.mk
- On line: преку веб
страната на конгресот: www.unet.com.mk/ObsGynCong/
Апстракти испратени по факс нема да бидат
прифатени.
За публицирање ќе бидат
прифатени само апстрактите на лица што ја уплатиле котизацијата до 1
јули, 2003 година и ги доставиле апстрактите на соодветен формулар
најдоцна до овој датум. Упатството за подготовка на апстрактите отпечатено е на
формуларот за апстрактите.
Само активните учесници на Конгресот со платена котизација, се
стекнуваат со право да добијат сертификат кој по критериумите на
Македонското Лекарско Друштво (МЛД) и Македонскта Лекарска Комора
(МЛК) ќе носи одреден број бодови како учество на Национален
Конгрес.
|