Унет
на своите корисници им нуди комплетни комуникациски
сервиси и првенствено е фокусиран на бизнис корисничката
група на потрошувачи, специјализиран во изработка
на Интернет и Интранет солуции, dial-up услуги,
пристап на Интернет преку сателит, како и изработка
на web страни со најнови технологии и хостирање
на истите. Широкиот ранг на услуги кој Унет
ги нуди на своите корисници им овозможува да ги
намалат трошоците на своето работење, да ја зголемат
продуктивноста, да ги прошират своите бизниси
на нови пазари и да го подобрат начинот на работење
на своите вработени. Во последно време, Унет
е фокусиран на полето на корисничка грижа се со
цел да се одржат односно зголемат ефектите на
задоволни корисници на сервисот кој го нуди.


|