Упатство за проверка на вашиот e-mail преку web

Со вашиот интернет browser (Internet Explorer или Netscape) одете на адресата http://webmail.unet.com.mk. По вчитувањето на страницата во полињата Корисничко име и Лозинка, внесете го вашето корисничко име и лозинка.
Во случај да го проверувате вашиот е-mail од некое јавно место, (интернет кафе), кликнете ја и опцијата Безбеден режим, која обезбедува заштита на вашите пораки.

Кликнете на копчето Логирај се.
По успешното логирање се појавува нова страна

Во горниот дел се наоѓа хоризонтално поставено мени (inbox, Нова порака, Конфигурација). Моментално селектирана е опцијата inbox.
Во долниот дел се појавува листа на пораки во вашето поштенско сандаче, со можност за преглед и бришење на селектираните пораки, како и информации за моментално логираниот корисник и завземен простор.

Со клик на копчето Нова порака се отвора нова страна

Полето Алиас служи за побрз пристап до предефинирани е-mail адреси кои наоѓаат во Вашиот адресар (достапен преку делот за конфигурација)
Другите полиња ја имаат функционалноста на секој вообичаен е-mail клиент.

Конфигурација

На страната за конфигурација можете да ги менувате следните параметри:

Полно име - вашето полно име и презиме, кое се прикажува кога некој ќе добие Ваша порака
Адреса за одговор - е-mail адреса на која ќе се враќаат одговорите на Вашите пораки
Потпис - потпис кој се појавува во долниот дел на сите Ваши испратени пораки
Јазик - промена на јазикот на менијата.
Макс број на додатоци - број на додатоци кои можете да ги прикачите на една порака
Број на пораки по страна - број на пораки кои се прикажуваат во вашиот inbox, доколку има повеќе пораки од внесениот број, истите се делат на соодветен број на страници.
Прикажи HTML - опција за приказ на html базирните пораки како web страни.
Прикажи слики - приказ на слики во html базираните пораки.

Во горното хоризонтално мени сега е достапно копчето Адресар, со кликнување на него се отвора страна која служи за внесување на адреси во адресарот.