Светски конгрес за карпеста уметност
П Р О Г Р А М А
за работа на Светскиот конгрес за карпеста уметност
     Светскиот конгрес на ИФРАО ќе се одржи во главниот град на Република Македонија - Скопје, на Универзитетот Св.Кирил и Методиј - Економски факултет (14-21 Јули 2002 година).
      Официјален јазик на конгресот е Англискиот и Македонскиот јазик;
      Конгресот е убава прилика, научниците од областа на карпестата уметност од сите континенти да се запознаат со сите аспекти од најновите истражувања на карпестата уметност: заштита, едукација, датирање, семантичко толкување и сл. Очекуваме на конгресот да учествуваат претставници од повеќе од 80 земји од сите континенти, каде се истражува карпестата уметност. Според интересот што владее во светот за карпестата уметност во Македонија, се очекуваат повеќе од 1000 учесници на конгресот кои ќе настапат со на 1000 стручни трудови од областа на карпестата уметност, која е основа на уметничкото, историското, културното, јазичното, етнолошкото како и филозофско-религиозното македонско и светско наследство.

      Програма: Свечено отварање и затварање на конгресот во Универзалната сала. Се подготвува спектакуларно отварање на Конгресот. Осум дена работа по сесии на повеќе теми, пленарни дебати, изложби (Карпестата уметност во Македонија и др.), научни екскурзии до Македонскиот резерват за карпеста уметност, свечена вечера и сл. Ќе се одржи состанок со Претседателството на Федерацијата. Конгресмените ќе имаат убава прилика да се запознаат и со македонскиот фолклор (народни песни и игри, народни носии), бидејќи фестивалите на народни инструменти и народна носија ќе се одржат во исто време на одржувањето на конгресот. Учесниците на Конгресот треба да достават абстракт на англиски јазик на својот реферат (најмногу 150 збора). Сите абстракти ќе бидат објавени како предкогресен материјал.

                     Теми на конгресот:
                     1. Карпестата уметност во Македонија;
                     2. Датирањето на карпестата уметност;
                     3. Археоастрономијата и карпестата уметност;
                     4. Предели и места во карпестата уметност;
                     5. Нови откритија на карпестата уметност во светот;
                     6. Човечки фигури во карпестата уметност;
                     7. Заштита и конзервација;
                     8.Купули - најбројни карпести петроглифи;
                     9. Семиотика, знаци и симболи;
                   10. Компјутерската технологија како помош во истражувањето на карпестата уметност;
                   11. Едукација за карпестата уметност;
                   12. Архивирање, пигментна анализа и геолошки апликации
                   13. Карпестата уметност основа на културното, историското, уметничкото, писменото, етнолошкото и
религиозно-филозофското наследство на светската цивилизација;
                   14. Калсифицирање на карпестата уметност според географска позиција;
                   15. Почеток и развој на карпестата уметност.
       За прифаќање или неприфаќање на пријавените реферати одлучува Муѓународниот научен комитет на ИФРАО.
  Во Ваш интерес е навремено пријавување на Вашите реферати и поради фактот што Научниот комитет имајќи ја во предвид темата на Вашиот труд, како и степенот на познавањето на англискиот јазик може да ве предложи за председавач или заменик председавач на некоја од сесиите. Сите учесници плаќаат котизација во износ од 120 УСД. Учениците и студентите плаќаат по 50 УСД. За уплатната котизација учесниците добиваат комплет програма за работата на конгресот како и дел од издавачката продукција на Центарот за карпеста уметност во Македонија, билети за завршната манифестација на фестивалот за народни носии и фестивалот на народни инструменти. Сите учесници од Република Македонија кои ќе изразат желба да учествуваат на Конгресот котизацијата можат да ја уплаќаат на рати. Секој кој ќе ја уплати котизацијата се стекнува со правото да учествува на Конгресот и пред самиот почеток на Конгресот тој ќе ги прима сите предконгресни материјали, кои ќе му овозможат нормално следење на истиот.
      Ниту еден учесник не е ослободен од плаќање котизација. Сите учесници на Конгресот мора да носат специјално за оваа прилика изработени беџеви поради олеснување на работата на службата за обезбедување на конгресот.
      Не пропуштајте ја можноста да учествувате во работата на овој светски конгрес!

Претседател на организациониот комитет:
Д-р.Душко Алексовски

Членови:
Проф. д-р.Александар Апостолов, проф. д-р.Миодраг Хаџи Ристиќ, д-р.Фаустино Трони-амбасадор на ОБСЕ, акад. проф. д-р.Блага Алексова, проф. д-р.Блажо Боев, д-р.Душко Цацков, проф.д-р.Љупка Калајлиева, проф д-р.Кирил Цацков, проф. д-р.Љубиша Монев, акад.Никола Кљусев, вера Колевска, Стојмир Петров, проф д-р.Весела Мукоска Чинго, Тодор Петров, Насе Тошески, Горан самоилоски, Благоја Јанковиќ, Одисеј Белчевски, Иван Балев, Васко Василевски, Богородка Алексовска, Соња Чингарова Фотева, проф. д-р.Михаило Миноски, проф д-р.Димитар Ќорнаков, проф. д-р.Аксенти Грнаров, проф. д-р.Аслан Селмани, проф. д-р.Софија Тодорова, д-р.Владимир Ортакоски, Љиљана Хаџиска, Стојна Најденоска, Георге Костов, Бојана Гошева, Љубен Димкароски, Елена Гошева, Георги Гошев, Снежана Димкароска, Слободанка Гошева, проф. д-р. Дореана Христовска, Васе Манчев, Александар Лешоски, Стојан Лешоски, Ристо Шанев, Благој Трајков, м-р.Сашо Манасов, Стојмир Симјановски, Никола Белчевски и Том Јанев.

Спонзори:
Унет-интернет првајдер;

Македонски телекомуникации;
Министерство за култура;
Владата на република Македонија.
 
Пријавување учество на Светскиот конгрес за карпеста уметност 14-21 јули 2002 година
Име и Презиме
Адреса: Улица и број
Град
Вработен во
факс
телефон
e-mail
За презентација ми е потребно:
 
слајд проектор           графоскоп           друго (наведете што)
 
Наслов на пријавената тема:
 
Мојата тема е во врска со темата бр. од темите на конгресот.
Имам желба само да ја следам работата на конгресот: да      не
 
Ваши сугестии за подобра работа на Конгресот:
1.
2.
 
Еден учесник може да пријави повеќе теми.
Резиме на темата:
 
  Напишете кратка биографија за авторот на темата и пријавата испратете ја на адреса: Центар за карпеста уметност - 91320 Кратово.
факс: 031-415-557, e-mail: rockart@unet.com.mk и karpumet@mt.net.mk
Краен рок за пријавување (три копии на тема-та): 31 Март 2002
 
Copyright by MRARC
Designed Maintained and Hosted by UNet