Бев
пресреќен поради фактот што користејќи ја Македонија открив карпести гравири
од сите временски и стилистички периоди, како и од разновидни тематски содржини. Купулите
(вдлабнати полутопки), се најбројните карпести гравири во Македонија. Овој
тип на гравири се првите духовни манифестации на праисторискиот човек, кој
првин ги набљудувал природните вдлабнатинки за кои немал објаснување како
тие настанале. Подоцна набљудувајќи ги ѕвездите кои треперат како мали светилки
на небото нашиот предок заклучил дека тоа се душите на секој човек кој ќе
се роди на земјата, додека метеорите кои паѓаат се оние ѕвезди кои се гаснат
откако некој ќе почине. Тие мислеле дека ѕвездата која паѓа прави дупчиња
на земјата. Тоа е и причината која ги поттикнала нашите предци да почнат
и самите да изработуваат вакви длабнатини. Метеоритот што паѓа остава зад
себе светла трага. Нашите предци подоцна почнуваат да изработуваат вдлабнатини
поврзани со мали каналчиња. Поврзувањето на купулите со каналчињата
значи поврзување на сродните души на починатите. Тоа ќе биде причината во
местото викано “Плочи“ во селото Нежилово, Кратовско, нашиот предок да ја
изработи првата астро карта во светот. Во централниот дел
доминира поголема купула, веројатно месечината. На овој комплекс забележуваме
повеќе вида соѕвездија, како и претстави на повеќе метеори. Успеваме да
изброиме повеќе од 6.000 вдлабнатини полутопки, односно претстави на ѕвезди.Долго
време светската наука се обидуваше до ја одгонетне тајната за тоа што значат
овие вдлабнатини и зошто биле создадени. Ја информиравме јавноста дека д-р.Душко
Алексовски ја разреши загатката преку неговиот реферат презентиран
на Симпозиумот за карпеста уметност одржан во Капо ди Понте - Северна Италија
во 1977 година. Тогаш светската научна јавност за прв пат свати дека овие
вдлабнатини се поврзани со ѕвездениот систем, ритуалот на плодноста и погребниот
ритуал. Овие гравири во македонија се изработуваат од времето на палеолитот,
па се до неколку века по новата ера. Вдлабнати полутопки како единствен
натпис на една надгробна плоча открија и археолозите од Музејот на
Македонија во Кривопаланечко. Тоа е основата врз која е исткаено
севкупното светско и македонско културно наследство. Подоцна купулите ги
среќаваме во контекст на сите видови гравири; Ретикули или мрежести гравири,
крстовидните гравири, идолиформите, гравирите во форма на лак и многу
други. Тоа е многу важен податок за македонскиот идентитет. Тоа
е најдобриот показател дека Македонецот во Македонија опстојувал и културно
создавал во континуитет повеќе од 30.000 години, факт на кој упатуваат и
бројните праисториски пештери. Некои од овие пештери се вистински
школски пример како изгледала една палеолитска пештера. Во Македонија која
сеуште не е целосно истражена во областа на карпестата уметност се откриени
повеќе вакви форми на гравири отколку што се откриени во цела Европа, која
е веќе скоро целосно истражена во оваа област. Купулите во Македонија се
среќаваат со различна форма, големина, како и распореденост. Тие понекогаш
се распоредени налик на ѕвездениот систем, во круг, триаголник, во низа
по две, три и повеќе купули и сл. По купулите, праисториските
предци почнале со гравирање на ретикулите или мрежестите гравири.
И овие гравири настанале по пат на набљудување на природно изгравираните
форми од овој тип и по набљудувањето на паѓањето на метеорите. Вакви гравири
во поголема концентрација беа откриени во областа Mas d' Azil. Во Кумановските
села: Добрача, Становац, Пузаљка и другите села во Македонија беа откриени
бројни гравири од овој тип во одлична состојба. Со задоволство констатиравме
дека Македонија е земја каде и овој тип гравири е во најголема концентрација
во однос на другите земји во светот каде се откриени вакви видови гравири.
Овие гравири, според еден од најдобрите познавачи на светската праисторија
Andre Leroy Gourhand, се првите никулци на светската писмености, факт кој
упатува на мошне раните почетоци на развојот и на македонската писмена култура,
што е предмет на следната книга на др. Алексовски: Почетокот и развојот
на писмото во Македонија. Тие понекогаш имаат многу комплексна форма, а
понекогаш ги среќаваме поедноставни и асоцираат на букви од денешниот алфабет.
Од ретикулите подоцна
ќе произлезат и писмата од типот на руните, како што се Старомакедонските
руни, Иберските, Скандинавските и др. По вдлабнатите полутопки и мрежестите
гравири , следат крстовидните гравири, како трет духовен производ на нашите
предци. Понекогаш ваквите гравири се толку чести што и самото место каде
се наоѓаат ови видови гравири го добило името: Крст, Крстат Камен и сл.
Со гордост констатираме дека крстот во Македонија е присутен од времето
на праисторијата. Не случајно овој гравир постанал симбол на христијанското
учење. Доколку праисторискиот предок сакал да покаже човечка фигура во ритуален
танц, тој исцртувал крст, чија долна линија има брановидна форма. Карпест
гравир со претстава на крст впишан во круг ја означувал земјата. Од таму
имаме симболична поврзаност на центарот на сонцето со центарот на земјата
кај гравирите од локалитетот “Ѓаволска Црква“ во селото Младо Нагоричане,
Кумановски. Крстот го добивал своето значење и според бројот на куполите
во неговите агли. Понекогаш купула може да има во едниот агол, во двата
агли, во трите агли или во сите четири агли. Крстови со купули во аглите
среќаваме и во други краеви во светот, а подоцна ваквата форма ја среќаваме
и како фонема во некои од светските писмени системи како што е тоа Ваи писмото.
Крстот од карпата во селото Талашманце, Кратовско е единствен по својата
форма.
Крстот чии страни завршуваат со купули е ретка форма на овој вид гравир
кој се среќава во Македонија и светот. Крстовите ги среќаваме во различна
форма, големина и распоред. Имаме комплекси од гравири со
исклучива крстовидна форма, каде крстовите се во различен распоред и големина.
Среќаваме крстови во контекст на други форми на гравири: ретикули, идолиформи
(гравири кои претставуваат божества) и др. Во времето кога славиме 2000
години од Христијанството горди сме на податокот дека Македонија е земја
на крстови од времето на праисторијата , нешто што упатува на заклучокот
дека Македонија е и прататковина на крстот, симболот на христијанството.
Тоа пак наведува да заклучиме дека свети апостол Павле не случајно бил поканет
од Македонците да ја посети Македонија и да ги удри темелите на учењето
кое значи вистинско закрепнување на психофизичката конституција на човековиот
род, учење во чија основа е вградена чесноста, моралноста, воздржаноста,
љубовта кон себе и блиските, нешта кои се толку блиски до Македонецот. Гравирите
со престава на идолиформи (божества) се чести во соѕвездието на гравири
откриени на територијата на Република Македонија. Во местото “Рид“ во селото
Крилатица, Кратовски го открив гравираното божество во вид на кудела (бог
на домашната ракотворба). Од двете страни на долниот дел на куделата се
изгравирани две сонца и руниформски текст. Во месноста Илиин Рид во селото
Опила, општина Ранковце, открив прекрасен комплекс од идолиформи. Во моментов
можеме да знаеме дали некое од божествата е поврзано со плодноста, раѓањето
и сл. Она што е значајно во случајов е тоа што овие гравири
претходат на гравирите од долината Камоника во Италија, за кои истражувачот
Daniel Riba ќе рече дека гравирите од долината Камоника се под влијание
на праисториската култура на Југоисточна Европа. Ова наше откритие е директна
поткрепа на заклучокот на овој признат светски истражувач во областа на
карпестата уметност. Во местото “Орлов Камен“, во селото Трновец, Кратовско,
го откривме идолиформот, божество на плодноста, судејќи според двата биковски
рога. Над божеството е исклесано и името на божеството кое започнува со
буквите КОК.....додека последните букви не успеавме да ги
идентификуваме поради оштетеност. Мораме да бидеме задоволни од фактот дека
во Македонија и светот за прв пат среќаваме божество чие име започнува на
КОК..... Тоа значи дека во Македонија се почитувале божества кои не биле
познати во нејзиното соседство, нешто што го потврдува и фактот дека карпестата
уметност е основа и на религиозното наследство на светската цивилизација.
Бројноста на карпестите гравири што го претставуваат сонцето покажува дека
Македонија е лулка на култот на сонцето. Најимпресивни гравирани сончеви
симболи открив во с.Руѓинце, Кумановско и во селото Младо Нагоричане,
Кумановско. Импресивен комплекс од гравири од типот аркуформи,
или форми на стрела откривме во месноста: “Писан Камен“ во селото Железница,
Кратовски, во контекст на купули, крстовидни форми и божества. Концентрација
на овој вид гравири се откриени во Шпанија и Португалија, како и во долината
Камоника, Италија, франција и некои други краеви во светот. Сепак гравираниот
комплекс од овој вид во селото Железница останува содржински најбогат во
светски рамки. Морам да го споменам комплексот “Чамот“ во околината на село
Смоларе, каде на сосема мала површина откривме минијатурни карпести гравири
од многу видови: купули, крстовидни гравири, ретикули, идолиформи, геометриски
фигури, но и повеќе вида на гравири со форма на стрела. Изненадува фактот
дека сите овие гравири се изработени со прецизно тенка линија, како да се
изработени во време кога карпата била во поинаква агрегатна состојба.Овој
комплекс остава впечаток како да претставува праисториски Универзитет,
како да претставува место каде некој некого подучувал да изработува различни
видови гравири. Мораме да го споменеме податокот дека овој комплекс е прв
од ваков вид во светот. Со откривањето на гравирите настанати по пат на
чукање по карпата, или како што стручно се нарекуваат пиктажи
се стави последна коцка во мозаикот наречен форми на карпестата уметност
во Македонија. Такви видови гравири открив по долината на реката Пена, Тетовско,
која речиси претставува вистински Музеј под отворено небо. Формите на овие
видови гравири се различни. Среќаваме обични линии, форми на животни и геометриски
фигури. Праисторискиот културен деец се обидел и тоа со успех природно оформените
карпи во вид на човечка фигура со помош на брзите води на Пена да ги преобрази
во човечки фигури со маска. Ваквите творби немаат преседан
во карпестата уметност во светот. Според стилско тематската содржина на
еден гравиран комплекс карпестата уметност во Македоија ја делиме на неколку
периоди и тоа:
1.
Шематски период (5.300 - 3.400 г. пр. н. е.);
2.
Симболичен период (3.400 - 1.800 г. пр. н. е.);
3.
Геометриски период (1.800 г. пр. н. е. до 200 г. по н. е.);
4.
Период на христијанизација.
Од времето на шематскиот период имаме прекрасно гравирани
комплекси во Кратовскиот регион. Доминира темата: Церемонија на породување.
Овие претстави го привлекоа вниманието на странската јавност, од причини
што светот за прв пат се запозна со гравирани комплекси со ваква содржина.
Мајката е претставена со поголем крст, додека детето е претставено со помал
крст. Сите човечки фигури се претставени со помали или поголеми крстови,
во зависност од желбата да се претстават деца и возрасни. Имаме и претстави
на домашни животни, овца и куче, кои се претставени сосема шематски.
Најдобар претставник на симболичкиот период е унијата од два гравира, каде
едниот гравир го претставува сонцето, додека другиот гравир ја претставува
земјата, која е претставена со крст врежан во круг. Центрите на овие два
гравира се поврзани со линија за да се покаже симболичната врска
на земјата со нејзиниот животен извор сонцето. Геометрискиот период изобилува
со геометриски фигури, како што се триаголниците, квадратите и сл. Во првите
векови од новата ера врз карпите и камењата забележуваме христијански крстови.
Пред да почнат да се градат црквите и манастирите во Македонија, крстовите
го означувале местото каде требало да се одржуваат церемониите во духот
на новото Христово учење. Во Велешкиот регион забележав икона направена
од камен со претстава на Богородица со Исус Христос. Такви крстови имаме
низ целата територија на Република Македонија. Понекогаш во средината на
крстовите од времето на праисторијата среќаваме солидно изгравирани христијански
крстови со цел да се христијанизира гравираниот комплекс. Конечно, истражувањата
на македонскиот центар за карпеста уметност помогнаа да се одговори на прашањето
зошто постанала карпестата уметност. Праисториските предци на Македонецот
пред повеќе десетици милениуми биле инспирирани од природно изработените
купули, или вдлабнати полутопки, мрежести фигури, крстовите, како и природните
ликови на луѓе и животни што можеле да бидат препознаени во некои карпи
и камења. Човекот еволуира во постојана борба за одбрана и опстојување во
неговата природна средина. Се развива и мисловниот процес. Во времето кога
природните рецки и цртички, како и вдлабнатинките го привлекле вниманието
на нашите предци и кога тој почнал да размислува за тоа што се тие мали
безбројни светилнки кои преку ноќта го красат небото над неговата глава,
почнал и процесот на развојот на карпестата уметност, почнал духовниот развој
на човековата цивилизација. Странските експерти кои го проучуваат датирањето
на карпестата уметност тврдат дека првите купули се изработени пред повеќе
од 40.000 години. Се смета дека колку купулите се поедноставни и помали
толку се и постари. Во таа смисла сакаме да истакнеме дека во Македонија
во селото Дебеше, Кавадаречко врз една цврста мермерно-магнезитна карпа
ги забележавме најмалите купули во светот, чија длабочина и широчина се
мерат со дел од милиметарот. Дека во Македонија културно се делувало и тоа
во континуитет со милениуми потврдува и фактот што во селото Војник, Кумановски,
откривме карпест гравир од типот идолиформи (божества), кој е скоро идентичен
со орнаментот изработен во едно перниче во селото Бељаковце,
Кумановско. Гравирот од селото Војник бил изработен во III-от
милениум пр. н. е. додека перничето било изработено во 1956 година. Жената
која го изработила перничето до денес не го видела гравирот од село Војник.
Тоа недвосмислено покажува дека праисториската култура живее во потсвеста
на македонскиот гениј. Се прашуваме дали со овие нови откритија не се руши
теоријата на Џон Лок, односно се потврдува фактот дека човекот не се раѓа
како Tabula Rasa туку со едно огромно милениумско искуство, натрупано во
неговата потсвест која ја управува судбината на секој човек. На
овие заклучоци упатуваат и делата на признатиот швајцарски научник Karl
Jung, како и новиот вид современа уметност создадена во Центарот
за карпеста уметност, кога младите луѓе откако успеат да создадат психичка
атмосфера во вид на безтежинска состојба, кога воопшто не ја чувствуваат
околината, создаваат дела кои се израз на милениумски натрупаното човеково
искуство во депоата на човечката потсвест. Прашање на време е кога овој
вид уметност ќе го освои светот. Присуството на купулите од времето на палеолитот,
па се до неколку века по новата ера и нивно преточување во домашните ракотворби
се уште еден многу битен показател дека на македонскиот простор културно
се создавало во континуитет. Луѓето доаѓале на овиепростори, заминувале,
но секогаш имало една компактна маса на луѓе кои секогаш живееел и опстојувале
на овие простори, и многу повеќе влијаеле врз духовниот развој на околните
жители отколку што тие трпеле влијанија однадвор. Најголемата концентрација
на купули на земјината топка е во Македонија. Нема село во Македонија каде
не откривме гравири од овој вид. Прифатеното мислење дека таму каде ќе се
открие најголема концетрација на некој вид уметност се смета дека тој крај
е изворот, односно едно од најважните жаришта на тој вид наследство. Од
причина што во Македонија е откриена најголемата концентрација одовој вид,
како и поради фактот дека купулиуте се првите почетоци на било каква духовна
манифестација на човекот од нашата планета нема никаков страв од заклучокот
дека Македонија е вистинско светилиште на светската култура, а со тоа и
на светската уметност. Македонската карпеста уметност се карактеризира по
својата бројност, разноликост како и перфекција на формата. Македонскиот
центар очекува река туристи од сите краеви на светот кои ќе се запознаат
со овој
најзначаен дел на светската култура. Тешко можеме да издвоиме крај во Македонија
кој е повеќе карактеристичен или значаен за карпестата уметност. Целата
територија ја сметаме за еден вид резерват на карпестата уметност. Македонската
територија и самата може да ја претставува светската карпеста уметност во
интерпланетарни рамки. Што се однесува до бројноста на карпестите гравири
во Македонија треба да истакнеме дека до овој момент на истражени само 10%
од територијата се откриени над 300.000 карпести гравири. Очекуваме таа
бројка до крајот на 2002 година, кога се надевам дека ќе ги завршиме истражувањата
да биде над еден милион. |