СЕДМА СЛИКА
Одново проработува бизарната воена машинерија. Татнат ритмичните пенетрации на фалусната граната. Борделот работи со полна пареа.
Саката војска влегува во “Мажестик”. Јаков ги нуди да влезат. Прислужниокот им помага. Полугола, Магдалена со своите дебели меса и другите проститутки ги услужуваат муштериите. Градоначалникот влегува во салонот и кога ќе ги здогледа војските, се повлекува
Се редат, една по друга, слики од една деформирана воено-еротичка фантасмагорија: Војник без нога се клати со штаки под мишките, водејќи љубов без партнерка. Опсцено се оближува една од проститутките. Еден офицер го вади златниот прстен од рака и го треснува на масата. Полугол војник води љубов со невидлива жена. На другата страна една од службеничките на “Мажестик”, со глава налактена на рацете, загледана директно кон публиката ги поднесува љубовните удари на својот партнер.
На кулминацијата, сцената истрчува Марија/Сара, полугола, во црни чевли со високи потпетици, црни чорапи и жартиери на нозете, покривајќи ги со рака голите гради. Истоштена и панично загледана напред.
Се струполува на земја.
Затемнување |