ЧЕТВРТА СЛИКА Во истиот ритам се слушаат тешки удари, најпрво како далечни, потоа како силни и блиски татнежи на челик. Сликата преминува со еден бизарен, поместен сензуален сиреализам на сцената на која необичното осветление открива како во длабочинаата некаде од подот излегуваат големи фалусно-симболични гранати, ритмично кревајќи се и пуштајќи се под нивото на сцената. Со промената на светлината се открива еден нов агол на гледање, кај кој во длабочината на сцената, како гледалиштето да е поставено во некоја голема Вагина, со истиот ритам продира и се повлекува еден голем фалусен објект. Сликата се бои во впечатливи, нестварни бои. С# додека напред, вертикално осветление не го осветли Јосифа загледан над гледалиштето, кој со едната рака за вратот ја држи Марија, клапната покрај неговите нозе. Покрај нив е леген за одмивање на ниски ногарки.
МАРИЈА: Господе, што ми направи ...
ЈОСИФ: Јас сум овде Господ Бог ...
МАРИЈА: (Плаче) Боже!..
ЈОСИФ: ...и немој да имаш други освен мене!
МАРИЈА: (Гласно липа)
ЈОСИФ: ...освен ако не ти наредам јас ...(ја фаќа за косата) Како се викаш!? ...
МАРИЈА: (Не му одговара. Липа.)
ЈОСИФ: (Тој ја силно ја потегнува за косата) Реков, како се викаш! ...
МАРИЈА: Марија!..
ЈОСИФ: (Зема со двете раце вода од легенот и ритуално & ја истура водата на глава, во едно поместено кршевање) Од сега не си веќе Марија. Твоето име е Сара. Ќе бидеш мајка на народи. Од моите породи. Кажи како се викаш!
МАРИЈА: (Скршена) Сара!..
Во позадината, кадешто с# уште налудничаво работи тревожната сексуална машинерија на војната, се пали контралихтно светло. Таму, Магдалена, расчекорена над ист таков леген, се одмива, со с# побрзи потези, следејќи го ритмот на дијалогот..
ЈОСИФ: И што ќе бидеш?
САРА: Мајка на народи!
ЈОСИФ: Кој сум јас!
САРА: Господ Бог.
ЈОСИФ: ...и немој ...Што?
САРА: ...и нема да имам други освен тебе!
ЈОСИФ: Амин!
Сцената на ритуалот од воведувањето во наложништвото кулминира. Јосиф ја кажува оргзаматички својата последна реплика, останувајќи расчекорен со кренати раце и глава. Бизарната сиреалистичка еротско-танатичка машинерија, силно татнејќи, продолжува да работи. Сара стои, со измокрена коса и искината ноќница пред леѓенот. |