ТРЕТА СЛИКА


Ноќ. Големиот часовник отчукува три часот. Долги сенки во Борделот. Марија спие. До нејзината постела доаѓа Јосиф и ја гледа. Влегува Присужникот со кутија во рацете.


ПРИСЛУЖНИКОТ:
Господине. (Јосиф се тргнува) Градоначалникот Ви испрати пакет со шампањ. Вели: компензација за услугите на Куќава.

ЈОСИФ:
Кај ли успеа да го најде, веќе не се наоѓа ни најлошо вино, а камо ли шампањско.

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Рече: од воени залихи!

ЈОСИФ:
Си замина ли градоначалникот?

ПРИСЛУЖНИКОТ:
С# уште е горе. Наплатува за виново.

ЈОСИФ:
Добро. Оди сега.

ПРИСЛУЖНИКОТ:
(Подгленува во заспаната девојка) Сигурен сте дека не сум Ви потребен?

ЈОСИФ:
Не. Ти реков, оди!

Од една од собите на борделот излегува еден клиент. Јосиф се затскрива во една сенка. Проститутката, полна, месната, во години, го испраќа клиентот.

МАГДАЛЕНА:
А ќе платите ли градоначалниче?

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Платено е, душо. Во прехрамбени продукти. Ако не веруваш, прашај го својот газда.

МАГДАЛЕНА:
Тоа не ме интересира. Вие треба да ми платите мене ...

Излегувајќи од сенката ?

ЈОСИФ:
Доста Магдалена. Слушна, платено е. Како сте, градоначалниче?

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
О, Јосифе. Вие сте тука. Како секој добар газда, до последниот гостин. А, што велите за уште една слатка пратка? Очекувам пакување коњак. Луѓето распродаваат што ќе им се најде. Вие овде го трошите, нели така?

МАГДАЛЕНА:
Ако имате пакет конзерви, повеќе ќе се најде.

ЈОСИФ:
Војна е, а ние имаме проблем со снабдувањето. Храната е при крај.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
“Војна е”, “војна е”, само тоа го слушам! Кога тоа не било војна, по ѓаволите! Се сеќава ли некој кога овде беше мир?!?Добро. Ќе добиеш. Само да знаеш, тоа е од последното следување на градот. Покорисно е тебе да ти дадам, одошто на оние идиоти надвор. Тие и онака се навикнати да гладуваат ...

ЈОСИФ:
Куќата ќе Ви врати со полно внимание, така ли е Магдалена?

МАГДАЛЕНА:
?ех?

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Добро, тогаш. Пакетот ќе го добиете уште утре. Јадете, пијте, уживајте веднаш, наредниот ден множеби нема да имате можност за тоа. (Се смее, потоа сериозно) Војна е, нели така?

ЈОСИФ:
Војна господине! ...

Градоначалникот заминува. Магдалена долго гледа по него.

ЈОСИФ:
Што е, што чекаш?

МАГДАЛЕНА:
Има нешто во тој човек?

ЈОСИФ:
Има. Храна и пиење. Ајде, сега, оди си. Одамна веќе затворивме.

Магдалена влегува во својата соба.
Јосиф одново оди кон постелата на Марија. Ја испружува раката. И’ ја става во пазувите. Марија се буди.

МАРИЈА:
Господине! Господине, што ви е? Немојте, господине ...


Тој не запира. Таа се вознемирува. Јосиф & ја затнува устата со рака. Потоа & се нафрла. Таа се прпелка, испушта придушени гласови.
Тој & ја кине облеката. Таа дава отпор.
Се појавува прислужникот. Стаписан е од глетката. Поаѓа да го запре.
Јосиф грубо ја присилува. Конечно влегува во неа ...
Прислужникот застанува.
Таа клапнува.
Прислужникот се прекрстува и заминува.
Јосиф продолжува да влегува во неа. Ритмички.

Затемнување
 
7 - 3 - 8