ДВАЕСЕТТА СЛИКА
Ѕвезди опсипани по црниот рунд хоризонт. Двете соголени, бели сенишно разгранети дрвја потопени во тенка, ползечка магла. Двојниците молчат.
ПРВИОТ: И така?
ВТОРИОТ: Што така?
ПРВИОТ: Така заврши с#.
ВТОРИОТ: С#?
ПРВИОТ: С#, освен нас.
ВТОРИОТ: Добро, ние сме дефинитивно мртви, но каде се другите?.
ПРВИОТ: Ние сме дефинитивно сами. Каде се другите?
ВТОРИОТ: На некое друго место. Сами како нас.
ПРВИОТ: И што прават таму?
ВТОРИОТ: Исто како нас, се забавуваат. Секој си ја раскажува сопствената приказна. Никој не ја знае до крај туѓата.
ПРВИОТ: А, да, Така беше. На овој свет с# е само една бескрајна лична исповест. Иако секоја приказна веќе е раскажана. Но, тоа не е битно. И онака ништо ново никогаш никаде не се случува. Според тоа, почни одново, иако, повторувам, знам што ќе ми кажеш.
ВТОРИОТ: Не верувам. Сево ова мене ми се причинува. (Се убедува) Еве јас сепак сум. Разговарам. Си го слушам гласот ... (Пауза, потоа скршено) Разговарам сам со себе. Со себе спорам. Се допирам себе си ... Може ли да е вистина? А, ако е - како умрев? Кој сега повторно ќе се присетува на налудничвиот тек на настаните. Што дојде прво, што потоа ...и која беше смислата на сето тоа (Пауза, се слуша нов посилен навев на далечната музика)?А с# започнува и завршува во тој проклет хотел. Борделот "Мажестик" ...
Одзади се појавува Ристо и го следи раскажувањето. Потоа заминува.
Се појавува свадбена поворка, како во сонот на Магдалена. Но, уште почудна. Секој оди сам: таа, Градоначалникот, Прислужникот. Потоа дефилираат војниците.
Од другата страна, исто така сам, врви Поручникот.
Сите заминуваат.
Заблеснуваат ѕвездите. Светлото на сцената се гаси. Јакне навевот на чудната далечна музика.
Далеку татни машинеријата на војната? КРАЈ |