ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЛИКА


Продолжува да се слуша татнежот на фантасмагоричната машинерија на војната. И повторената уште повпечатлива слика од почетокот.
Хотелот "Мажестик" потонат во сфумато, како на почетокот предочува едно царство на плотноста и еротското епикурејство, со сините светлини, сензуалната музика, силуети што се откриваат во испреплетени опсцени, стилизирани еротски сцени и ритмички движења, придушените светлини, канабеата, ресите, откиената белина на разголените женски тела, по некој чуден кикот, веќе чуена, шепотливо искажана сладострастност, тешко машко дишење што потоа лесно ќе го покрие доминантната музика која се слуша во вториот план на објективно изведуваната песна од млада девојка, пејачка на кабаретската сцена на Салонот "Мажестик".
Полека се расчистува таа сцена. Во салонот, под сцената, на канабето лежи Магдалена. Кашла.
Влегува градоначалникот.


МАГДАЛЕНА:
О, екселенцијо, тоа сте вие. Жал ми е, денес не работиме. Послужете се во друг дуќан. “Мажестик” е трговски центар од женски бутици.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Магдалена, дојдов да те видам.

МАГДАЛЕНА:
Каква чест.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Ми рекоа дека?дека носиш мое дете. Дојдов да прашам, вистина ли е? Вие тоа секогаш го знаете.

МАГДАЛЕНА:
Не возбудувајте се, екселенцијо, ние тоа никогаш точно не го знаеме.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
?зашто, ако е точно, јас дојдов да те земам.

МАГДАЛЕНА:
О, вистина ли, екселенцијо? И да ме однесете - каде? Од оваа куќа обично не се излегува. Овде се оставаат и месата и коските.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Те молам, не биди лоша со мене. Те сакам, Магдалена.

МАГДАЛЕНА:
Знам. И тоа не еднаш. Рече, ајде сега оди си. За убав збор не наплаќаме.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Сакам да те земам со себе. Слушај. Ќе се венчаме. Ќе најдеме венчален фустан и ќе се земеме. Ќе бидеме среќни.

МАГДАЛЕНА:
Мора да ти го раскажало попчето мојот сон?

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Тоа е мојот сон, Магдалена.

МАГДАЛЕНА:
Убаво. Многу убаво. Само што?

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Не зборувај, не се уморувај.

МАГДАЛЕНА:
?Сакам да кажам. Остави ме.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Добро, те слушам.

МАГДАЛЕНА:
Само што ова е јаве, ваша екселенцијо.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Ме сакаш ли и ти Магдалена?

МАГДАЛЕНА:
О, колку сум те сакала. Многу скапо.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Ќе појдеш ли за мене?

МАГДАЛЕНА:
Немам сили. Ми студи. Не можам веќе да ги движам нозете, рацете ми се вкочанети. Телото ми мрзне, студи, страшно студи. Студи во мозокот и во утробата. Боже, ме слушаш ли, боже. О, колку студен крај.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
(Ја бакнува, таа му се предава на бакнежот) Ќе појдеш ли за мене Магдалена?

МАГДАЛЕНА:
Да, да?

Умира.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Магдалена, Магдалена!!!?


Градоначалникот е очаен.


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
(Вика) Попе, попе!


Излегува викајќи.
Влегува Сара. Во рацете држи пиштол. Ја здогледува мртвата Магдалена. Крикнува.
Влегува Јосиф.


ЈОСИФ:
Сара, Сара, што правиш!

САРА:
Имав дом, го напуштивме. Имав семејство, го загубив. Љубев еднаш во животот, љубовта ми се претвори во прав и пепел. Имав брат, ми стана љубовник. Имав сестра во оваа грешна куќа, ме остави. Еве ме, Магдалена, доаѓам. Јас не те напуштам.


Го крева пиштолот. Влегува Поручникот.


ПОРУЧНИКОТ:
Марија, престани. Врати ми го пиштолот. Никој не е виновен за сево. Само оваа проклета војна. Те молам остави го пиштолот. Слушај ме, Марија. Ќе одиме заедно дома. Ќе ја подигнеме старата куќа. Ќе живееме заедно како брат и сестра. Ќе најдеш човек за себе. Ќе засакаш повторно?

Таа го гледа.


ЈОСИФ:
Остави ја сега. Таа ќе остане тука. Повеќе од кога и да е порано, таа припаѓа тука. Таа не е Марија. Таа е Сара.

Јосиф поаѓа кон неа.
Сара го насочува пиштолот кон него.


САРА:
Не доближувај ми се. Доста ми е од с#. Доста ми е од сите вас.


Јосиф & го одзема пиштолот. И’ удира шлаканица. Таа се тетерави.


ЈОСИФ:
Доста? Тебе ти е доста? Што да речам јас? Ве примив во куќава, вие ми ја упропастивте. Сите вие.

САРА:
Ме прими во бордел. Ми ја одзема невиноста. Ми го смени името. Ме уби уште пред да проживеам.

ПОРУЧНИКОТ:
(Кон Јосиф) Ќе те убијам. Во животот не сум убил човек. Сум мислел дека треба да се сочувам за некое ново време во кое ќе пишувам убави песни. Ти ќе бидеш мојата прва жртва.


Поаѓа кон Јосиф.


ЈОСИФ:
Застани, ќе пукам.

ПОРУЧНИКОТ:
Ќе те убијам!

ЈОСИФ:
Ти велам стој!


Јосиф ми се нафрла. Се борат. Оддекнува истрел. За миг стојат прегрнати Јосиф и Поручникот. Потоа телото на Поручникот полека се лизнува и паѓа на земја.


САРА:
Не! Не!


Се фрла над мртвиот брат.
Влегува Капетанот.


КАПЕТАНОТ:
(Спокојно) О, расчистуваме стари сметки!

ЈОСИФ:
Господине Капетане, вашиот офицер ме нападна.

КАПЕТАНОТ:
Гледам, мил мој, гледам. С# ми е јасно. А зошто таа плаче. Прв пат гледам курва да плаче за свој љубовник.

ЈОСИФ:
Ме разбирате ли господине капетане??

КАПЕТАНОТ:
Сосема.

ЈОСИФ:
Вистина ли, господине?

КАПЕТАНОТ:
Во војна се гине, мил мој.

ЈОСИФ:
Значи ми давате за право?

КАПЕТАНОТ:
Апсолутно.


Сара го погледнува во неверица.


ЈОСИФ:
Ви благодарам, господине.

КАПЕТАНОТ:
Молам.


Капетанот го крева пиштолот и пука. Јосиф се фаќа за раната. Полека паѓа, со запрепастен израз на лицето.


КАПЕТАНОТ:
(Дува во зачадениот пиштол, кон Јосиф) Само?има тука едно “само”, мил мој. Тој беше мој офицер. А офицер не се убива туку-така, нели мил мој?


Јосиф паѓа на земја. Влегува Градоначалникот со Прислужникот. Тој носи голем црковен крст во раката.


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Господе боже, што е ова?

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Дојдов да кажам проштална молитва за еден човек. Вие сте го наполниле просторов со мртви. Ќе престанете ли еднаш со тоа, проклети да сте? Имате ли малку човештина во себе или на сите војната ви го одзема и последниот дел од неа? Мислите ли на себе, ако не мислите на бога. Убивајќи, сакате да преживеете. Како ќе живеете со толку жртви на душите? Силата ли и себичноста толку ви го замати умот, што си одземате и од сопствената иднина? (Сите го гледаат втренчено) Клекнете, клекнете и барем покајте се сега, за да имате живот за себе, утре. Клекнете, покајте се!


Клекнува самиот, се моли..


КАПЕТАНОТ:
Ајде, попе, престани. Или сакаш да останеш без живот уште денес. (Прислужникот се стаписува. Капетанот се врти наоколу, ц’цка) Премногу лешеви. Нема веќе услови за останување.


Втрчува Наредникот.


НАРЕДНИКОТ:
Господине Капетане?

КАПЕТАНОТ:
Нареди “покрет”. Си одиме одовде.

НАРЕДНИКОТ:
Надвор се подготвува луња. И тие се пак тука?

КАПЕТАНОТ:
Кои “тие”?

НАРЕДНИКОТ:
Аклерите, господин Капетан!

Ненадејно се отвораат вратите. Во салонот влегува силен ветер. На вратата се појавува Ристо. На ветрот му се развејува плаштот. Зад него се Актерот и Актерката. Сите се изменети.


РИСТО:
Мир со вас, добри луѓе!

КАПЕТАНОТ:
А, си ебало мајката!

АКТЕРКАТА:
(Го догледува телото на Марија) Марија, ќерко! (Кон својот маж) Гледај што сторивме. Ако не ја оставевме овде таа ќе беше с# уште жива.

АКТЕРОТ:
Престани жено. Така & било пишано. Нашиот син беше со нас, па го загуби животот. А ние, ете, преживеавме.

КАПЕТАНОТ:
Ајде сега доста беше. Ти, Севишен, прв фаќај магла. И онака нема веќе место овде.

РИСТО:
“Оче, прости им, оти не знаат што прават. “ (Лука, 41.34)

КАПЕТАНОТ:
Поголем куп грешници и лошотии не сум видел. Еве, сега се појави и овој лудак.

РИСТО:
“О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам” (Мат. 17.17)

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Те препознав. Дојде ли, конечно, при нас, Господе?

РИСТО:
Тука бев, но немаше кој да ме пречека. Зборував, но немаше кој да ме чуе! Правев чуда, но нема кој да поверува?

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Јас те слушам. Ти верувам. За прв пат во животот засакав некого. Неа. Сега веќе ја немам. Можеш ли да ја вратиш мојата љубов?

АКТЕРКАТА:
(Актерката се стрчува кон него и клекнува покрај неговите нозе) Те молам, врати ја во живот и мојата Марија.

САРА:
Ако си навистина Тој, врати го мојот брат. Мене казни ме. Јас сум виновна за неговата несреќа и за неговата смрт.

КАПЕТАНОТ:
Мора да се каже, станува интересно!

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Ние те слушаме, Севишен. Положи ја твојата рака и крени ги од мртвите овие заблудени деца твои. Направи чудо. Врати н& ја верата, Боже!

КАПЕТАНОТ:
Е, ајде и тоа чудо да го видиме.

РИСТО:
Одев долго меѓу вас и премалев, жеднеев со вас и гладував. Страдав со вас и тагував. Ви ја гледав болката и ме сеќаваше на мојата болка на крстот, иако вашата болка сега повеќе боли. Станувате еден против друг, се замразувате до крв, а веќе сте заборавиле зошто. Сега се мразите од навика. Се сојузувате со непријателите на вашите пријатели и пирувате со пријателите на вашите сопствени непријатели. Туѓи војски пречекувате како да се ваши сопствени. Болни сте од гнев. Убивате со дело, но и со збор и лага. Се грабете за стоки, а душите ви се празни. За да печалите, тргувате со судбини. Имотите ви се поважни од доблестите. Не го вртите другиот образ, зашто сте ги изгубиле двата. Го изговарате името мое напразно. Правите идоли наместо добрини. Градите храмови на суетата, наместо храмови на духот. Немате сомилост, само гордост и гнев. Не простувате, се одмаздувате. Залудно еднаш ве подучував. Ме предадовте по втор пат. Бев син човечки и господар на добрината, ме направивте заточник на вината и срамот. Лажно сведочите еден против друг. Го убивате ближниот свој. Ме понижувате повеќе од фарисеите, и ме измачувате повеќе од моите мачители?
Не заслужувате дури ни казна, зашто самите најмногу се казнувате. Колку само ве жалам. Грешници сте, но чеда сте мои, што сум ве создал за живот човечки. Затоа, нека ви бидат удоволени молбите. (Ги крева очите кон небото) Оче, ти се обраќам со сета преостаната вера, дај ми сила да го издржам и ова искушените. И прости им, Оче, зашто не знаат што прават. (Се врти кон телото на Магдалена) Затоа, стани, блуднице, но стани чиста и беспорочна. Стани за да се крене со тебе и надежта, во ова безнадежно време.


Некое движење се случува кај телото на Магдалена. Сите се втренчени. Одеднаш од зад канабето на кое таа лежи, излетува бела невестинска облека и полетува високо, с# додека не застане да лебди на годната рамка од сцената. Сите чекаат Магдалена да стане.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Ќе стане ли и таа?


Ристо гледа напрегнато. Потоа немоќно ја наведнува главата.


КАПЕТАНОТ:
Толку ли? Тоа ли беше чудото? Тоа е обичен маѓионичарски трик.

РИСТО:
Нема веќе чуда, истрошени се сите.

НАРЕДНИКОТ:
(Воодушевено) Сум видел нешто слично, како дете, на еден панаѓур.

РИСТО:
(Скршено) “За кого ме мислат мене луѓето - Мене, синот Човечки?” (Мат. 16.13) Некогаш умеев да одам по морската површина, ги полнев со обилен улов мрежите на сиромашните рибари, лекував од сите болести. А сега не можам да го излекувам овој свет од оваа болест што го уништува.

КАПЕТАНОТ:
Браво, браво. Убава претстава. Ајде, сега, губи се. Доста не замајуваше со своите шеретлаци.


Ристо се врти и сака да замине.


САРА:
Врати се. Каде Одиш. Потребен си н& на сите.

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Не оди, Севишен. Ние ќе ти ја вратиме моќта. Зачната е нашата вера во тебе. И тоа беше чудо. И тоа е знак. Знак на надежта.

АКТЕРОТ:
Послушај ги, Ристо, остани.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Ако успеа да го сториш тоа чудо, можеби наскоро ќе смогнеш сила да ми ја вратиш неа. (Покажува на Магдалена) Без неа се гаси и жарчето што започна да тлее?

НАРЕДНИКОТ:
Е, и ти ја претера! Ние си ги изгубивме жените, па не тагуваме толку колку ти за една курва.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Престани, слушаш ли!?

НАРЕДНИКОТ:
О, господинот како да се заканува!

САРА:
(Кон наредникот) Доста ми е веќе од вас! Од вашата глупост и суровост.

АКТЕРОТ:
Војувате, а не знаете зошто.

КАПЕТАНОТ:
Војуваме за вас, глупаку.

АКТЕРОТ:
Војувате зашто не знаете друго да работите.

САРА:
Војувате за да се убивате.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
Еднаш еден командант на противничката војска ми кажуваше дека три дена се бореле речиси до истребување, додека не сватиле дека се борат со своја сопствена единица?

АКТЕРКАТА:
Тоа поретко им се случува. Не се убиваат само себе си. Тие постојат за да н# убиваат нас.

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Убивате за да преживувате. Каде е тука смислата.

КАПЕТАНОТ:
(Го крева пиштолот) А, ова веќе ми мириса на бунт. Нели ти се чини и тебе така наредниче?

НАРЕДНИКОТ:
Не е баш бунт, повеќе караница?

КАПЕТАНОТ:
Тишина!

НАРЕДНИКОТ:
Разбирам, господине капетане.

КАПЕТАНОТ:
Смислата, велите. Која е смислата. Сега ќе ви ја покажам.

НАРЕДНИКОТ:
Севишен, може ли да го имам за кратко вашето внимание?

РИСТО:
(Скршено) Нека се повтори приказната. Родот човечки ништо не научи од првото кажување. Никогаш нема ни да научи. Осуден е вечно да раскажува исти приказни, вечно да врви низ исти искуства и вечно од нив ништо да не разбира. (Кон Капетанот) Ајде, прави што веќе е направено.

КАПЕТАНОТ:
(Театрално, влегувајќи во улогата на Пилат) “Невин сум, за крвата на овој Праведник; мислете му вие!” (Мат. 27.24)


Пука во Ристо.


САРА:
Неее!


Ристо паѓа на земја. Од високо, како разбиена магија, треснува на земјата и невестинскиот фустан.


АКТЕРОТ:
(Притрчува, а потоа?) Мртов е. Умрен.

ПРИСЛУЖНИКОТ:
Ме може, не верувам?Требаше да се случи апокалипса. Тој дојде за да го означи крајот и откровението, да ги одвои праведните од неправедните, и страдните од оние што произведуваат страданија?

АКТЕРКАТА:
Мртов е.

КАПЕТАНОТ:
Требаше да се случи апокалипса? Откровение? Не грижете се, ќе се случи. Кога-тогаш. Ние само малку го одложивме.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:
(Кон Капетанот, со насолзени очи) Зошто го стори тоа?

КАПЕТАНОТ:
Заради вистината, идиоти. Вие ја баравте смислата, нели? Да побаравте надеж, ќе му го простев животот. И тоа тогаш ќе беше вистина. А бие ја баравте смислата. Еве ви ја смислата?. Нареднику, покрет!

Заминуваат.


ПРИСЛУЖНИКОТ:
(Крикнува) “Или, или! Лама савахтани!” (Псал. 21.1) (Липа) Боже мој, боже мој, зошто си ме оставил! (Мат. 27.46)

САРА:
Сум сакала да споулавам. Да ме нема веќе. Толку пати сум сакала да потонам во бездната и мракот. А потоа, си мислев, “зошто, с# ќе е исто”. Наоколу е и онака само бездна и мрак. Што, тогаш, би се сменило? А еве сега, сега ми се чини дека?дека можеби не е с# така страшно? Тој загина и за миг помислив готово е, убиена е и надежта во нас. Но можеби, можеби е тоа знак. Можеби е тука значењето?
Која е смислата? Која би била сега смислата на мојата смрт? (Пауза) Треба да се живее. Животот е дар божји. Треба да се преживее. Дали е тоа смислата? Денес да живееме: и како за казна, и како од милост.
Тоа ли е смислата: Животот е скапоцен зашто денес гине дури и самиот бог?


Најнапред полека, а потоа с# поглано почнува да татни соблазнителната машинерија на војната. Сите се растураат. Заминуваат секој на своја страна.
Сара останува на место.

Почнува да лебди наметката на Ристо. Се искачува високо, на спротивната точка од горниот раб на сцената. Во крешчендото на сцената, и таа паѓа на земја.


Светлото се гаси
 
7 - 19 - 8