ПЕТНАЕСЕТТА СЛИКА
Двојниците во фантасмагоричниот амбиент. ВТОРИОТ: (Отсутно) Тогаш почна распадот.
ПРВИОТ: (Низ воздишка) Тогаш почна распадот. Знаеш, с# повеќе ми се допаѓаш: веќе почна да размислуваш како мене. Ајде, продолжи. Почнувам да сакам да те слушам?
ВТОРИОТ: (Раскажува) “ Сјајот на Куќата почна да темнее. Последниве гости остануваа предолго. А што се однесува до Сара и нејзиниот љубовник?Ја гледав нивната љубов и во прво време & се потсмевав. Со тек на време почнав да им завидувам. Тие имаа нешто што го немаше никој од нас. Или сме го имале, па сме го заборавиле во текот на долгата, бескрајна војна?“
ПРВИОТ: (Иронично) Точно, до збор!
ВТОРИОТ: (Продолжува) “ Јас ја спасив таа кучка од цркнување, а таа ме изневеруваше со друг. А тој, тој се жртвуваше за неа. Без таа да знае тој мене ми ја плаќаше нејзината љубов?”
ПРВИОТ: Пардон!?
ВТОРИОТ: Добро, добро! Не љубовта, ми го исплатуваше времето проведено со неа. Ја откупуваше од мене за да ја има само тој. Господе боже, љубов се појави во јавна куќа. Тоа сосем ги изопачи работите.
ПРВИОТ: Тоа?и уште нешто!
ВТОРИОТ: И болеста. Во “Мажестик” се појави некоја чудна, непозната болест. Магдалена затрудни. Куќата почна да гасне? |