БИОГРАФИЈА

Томислав Османли (Битола, 1956) е новинар, драматург, сценарист и прозаист. Автор на 15 книги драми, сценарија, раскази, теорија и есеи. Неговата пиеса “Двајца во Еден” беше поставена во театарот “John W.Gainse” во Вирџинија и прикажана на Blue ridge Theatre Festival во Ричмонд, САД. Филмот “Ангели на отпад” за кој го напиша сценариото во организација на Американскиот филмски институт, бил прикажан на специјална програма во Кенеди центарот во Вашингтон. Со неговата книга драми “Ѕвездите над Скопје”, заедно со дванаесет други автори од балканскиот земји, Т.Османли е воведен во книжевниот годишник на “Енциклопедија британика”. Драмските текстови и книжевни творби му се преведени на англиски, полски, хрватски, словенечки, романски, грчки и албански јазик. Неговата пиеса “Апокалиптична комедија” во 2004. година е објавена во посебно издание, во превод на грчки јазик. Автор е на повеќе наградувани и реализирани сценарија за телевизиски филмови. Напишал поголем број театарски пиеси и мултимедијални сценски проекти. Најнов реализиран проекти му се ТВ филмот “Смок лета по небото” (2005.), драмскиот текст “Спилиони” (2003.) поставен на сцената на Народниот тетар Битола, како и “Пат за Парамарибо” (2002.) како фестивалска премиера на Скопско лето, наредната година објавен во двојазична книга на македонски и англиски. Во издание на “Култура” 2004. година од печат излезе изборот драмски текстови на Османли под наслов “Игри низ жанровите”. Член е на ДПМ и на ПЕН. Работи како Одговорен уредник на редакцијата за култура во независната ТВ Телма.

 
7