LIR
проект во развој
Цели и задачи
Овозможување увид на јавни содржини од областа на правото и правосудството, преку формирање и употреба на компјутерска база на податоци, на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и тоа:
- Објавени и веќе публикувани одлуки и решенија на Уставниот Суд на Република Македонија;
- Формални извори на правото во Република Македонија (објавени Закони кои се усвоени и на снага во Република Македонија, како и нивни измени, дополнувања и автентични толкувања);
- Неформалните извори на правото во Република Македонија (Ставовите на општа седница на Врховниот Суд на Република Македонија); понатаму и
- Објавената судска практика на Врховниот Суд на Република Македонија како и на Апелационите судови во Република Македонија.
- Список на Адвокати и Нотари во Република Македонија со авторизирани податоци (на Македонски и Англиски јазик) и други лица овластени за застапување;
- преостанати содржини од областа на правото (латински изреки, публикувани коментари од авторитети во правната струка, подзаконски акти од општ интерес и сл.)
Наша цел е да допринесеме во унапредувањето на општата правна култура и информираност кај граѓаните на Република Македонија, а на правните практиканти да им дадеме корисна алатка за професионално унапредување, и конечно, да дадеме придонес кон унапредувањето на владеењето на правото во Република Македонија.
Фидан Глигор Даскалов