|
Културно
Радио - Вашето последно прибежиште
Година втора
На
13-ти јули 2000 година е емитувана првата емисија Културно
Радио.
Културно
Радио е проект создаден од Владимир Мандичевски и Маја Бабиќ.
Културно
Радио е финансиран од швајцарската културна фондација Pro
Helvetia а, како што Маја има обичај да каже, е подржано од
сите слободоумни луѓе во оваа земја.
Културно
Радио е место за искажување на слободната мисла.
Културно Радио е отворено за сите слободоумни луѓе кои
имаат што да кажат.
Културно Радио е независно од сите политички влијанија,
ослободено од потребата за своја вулгарна комерцијализација,
создадено, водено и креирано од луѓе ослободени од ситнопартиски,
локал патриотски и промотерски цели.
Културно радио ги третира проблемите на се она што се
нарекува култура, субкултура и урбано живеење.
Покрај официјалната, третирана е и вонинституционалната култура,
или се зборува за се она за кое малку се говори во "другите"
медиуми.
Културно Радио се занимава со глобалните проблеми на
македонското
културно живеење, но ги следи и дневните настани.
Културно радио се обидува да дава и конкретни решенија,
и да ја избегне сувопарноста и јаловоста на непродуктивно испразно
критизерство, толку често на овие простори.
Како дел од понудените решенија и иницијативи за можни насоки
се:
-
Децентрализација
Културната
мисла како и самата култура во Македонија мора да помине низ
сериозен процес на децентрализација. Како свој допринос во овој
процес, Културно Радио во моментов се ре-емитува на следните
локални радио станици во Македонија:
-
Радио Свети Николе
- Радио Велес
- Радио Кратово
- Радио Радовиш
- Радио Кичево
- Радио Битола
- Радио Струмица
- Радио Делчево
- Радио Берово
- Радио Демир Хисар
- Радио Крушево
Интерактивноста
со нашите радио партнери се одвива и на други нивоа.
Во Културно Радио се објавуваат прилози од членови и
соработници на радио станиците на кој се ре-емитува емисијата
а од декември 2001 година, тимот на Културно Радио ќе
започне со гостувања
и реализација на емисијата во локалните радио станици, со третман
на локалните проблеми и учество на локални творци, автори, критичари
и новинари.
-
Учесници
Во
досегашните 56 емитувани емисии учество земале повеќе од 30
активни учесници и повеќе од 30 гости.
Учесниците и гостите се активни творци и директни учесници во
културата во Македонија, новинари и критичари.
Сите тие творат и работат во различни матични куќи и имаат различно
културно потекло. Новинарите и критичарите доаѓаат од различни
електронски и пишани медиуми.
Културно радио е прв и единствен проект во Република
Македонија кој во себе обединува толкав број на учесници различни
по сите горе наведени особини.
-
Културен продукт
Творците
го третираат Културно Радио како културен производ. Емисијата
има свое лого, бои и дизајн, кои се појавуваат на се што има
врска со неа. Културно Радио има препознатлив аудио и графички
дизајн.
-
Живот надвор од етерот
Текстовите
од Културно Радио се објавуваат во Утрински Весник, еден
од двата најтиражни и највлијателни дневни весници во Македонија.
Културно
Радио има свое периодично издание, Текст Архива. Во него
се објавуваат текстови од емитуваните емисии. Целта е текстовите
да останат забележани како документ за времето во кое Културно
Радио се создава но и да им бидат достапни на сите кои не
ја слушаат емисјата од било кои причини. Текст Архива се дели
бесплатно на различни културни манифестации и збиднувања.
-
WWW
Културно Радио има своја Интернет страница која ги содржи
сите потребни информации, текстови, контакти.
Афресата е: http://unet.com.mk/kulturnoradio
-
Време и место
Културно
Радио во Скопје се емитува секој четврток од 16 часот на
Мега Радио на 98,1 MHz.
|